Достапни линкови

САД ја поздравија „историската транзиција“ во Грузија


Бидзина Иванишвили.

Бидзина Иванишвили.

САД ја поздравија „историската транзиција“ во Грузија, но изјавија дека „е неопходно многу повеќе од избори за натамошно консолидирање на демократската траекторија на Грузија“. Американскиот заменик помошник државен секретар за демократија и човекови права Томас Мелиа го изјави ова во Атлантскиот совет, тинк-тенк организација од Вашингтон. Тој рече дека континуираните реформи ќе и помогнат на Грузија да извлече корист.
Партијата Грузиски сон на Бидзина Иванишвили освои најмалку 83 од 150 места во парламентот. Конечните резултати уште не се познати затоа што се разгледуваат жалбите за нерегуларности. Претседателот Михаил Саакашвили вети беспрекорна транзиција на власта.
XS
SM
MD
LG