Достапни линкови

logo-print

Белорусија затвори организацијата за човекови права


Андреј Бандаренко, шеф на „Платформа“.

Андреј Бандаренко, шеф на „Платформа“.

Белорускиот економски суд нареди да се затвори организацијата за човекови права „Платформа“. Ваквата одлука уследи откако организацијата не ги доставила даночните пријави навреме и затоа што седиштето на организацијата не е на местото што е наведено во формуларите за регистрација. Шефот на организацијата Андреј Бандаренко вели дека одлуката е бесмислена, затоа што организацијата веќе ја платила казната за неподнесување на даночните пријави на време. Бандаренко вели дека „Платформа“ ќе поднесе жалба на судската одлука. Организацијата ги следи условите и почитувањето на правата на затворениците во белоруските притвори и затвори.
XS
SM
MD
LG