Достапни линкови

Муслимански свештеник Ал Масри се изјасни за невин


Радикалниот муслимански свештеник Абу Хамза ал Масри.

Радикалниот муслимански свештеник Абу Хамза ал Масри.

Радикалниот муслимански свештеник Абу Хамза ал Масри се изјасни како невин пред судот во Њујорк. Тој се соочува со 11 обвиненија за тероризам, вклучително и заговор за поставување камп за обука на Ал Каеда на американска територија. Свештеникот кој е роден во Египет се гони под негово родено име Мустафа Камел Мустафа, иако во радикалните кругови е подобро познат како Абу Хамза ал Масри, поранешен свештеник во Велика Британија. Тој беше екстрадиран во САД минатата сабота заедно со уште четири други осомничени кои веќе се изјаснија дека не се виновни. Сите пет мажи се соочуваат со казна доживотен затвор ако бидат осудени за заговор за терористички напади.
XS
SM
MD
LG