Достапни линкови

Кацин: Србија мора да се децентрализира


Известувачот на Европскиот Парламент за Србија Јелко Кацин изјави денеска дека Србија мора да биде суштински децентрализирана за да може да се овозможи развој на регионот и полесно да се искористат европските фондови кои се на располагање. Тој додаде дека Србија од 2014 до 2020 година ќе има на располагање 1,5 милијарди евра од ИПА фондовите и тука не спаѓаат нискокаматните заеми од Евроспката инвестициска банка и банката за обнова и развој.
Кацин истакна дека Србија мора да ги искористи тие пари ако сака развој на своите региони на долг и среден рок, при што ќе ја намали емиграцијата од сиромашните општини.
XS
SM
MD
LG