Достапни линкови

ЕК очекува обнова на дијалогот меѓу Белград и Приштина


Косовскиот премиер Хашим Тачи

Косовскиот премиер Хашим Тачи

Европската комисија забрзано работи на тоа што е можно поскоро а најдоцна до почетокот на декемврискиот самит на Еу да се обнови дијалогот меѓу Белград и Приштина, јавува новинаската агенција Бета. Комисијата чека официјална потврда од новиот српски премиер Ивица Дачиќ да го предводи тимот за преговори. Косовскиот премиер Хашим Тачи изрази подготвеност да го предводи тимот за преговори. Во Брисел се вршат консултации за начинот, местото и главните теми во дијалогот меѓу Белград и Приштина.
XS
SM
MD
LG