Достапни линкови

Протести во Русија поради промените во рускиот сервис на РСЕ


Околу 30 луѓе протестира денеска во Москва поради затварањето на рускиот сервис на Радио Слободна Европа . Организаторот на протестите и поранешен дописник за сервисот Кирил Филимонов изјави дека накратко бил задржат во притвор за време на протестите. РСЕ е приватен медиум кој е спонзориран од американскиот Конгрес. Емитувањето на програмата на рускиот сервис на РСЕ ќе престане на 10 ноември во согласност со новиот закон за медиуми во Русија според кој се забранува лиценца за работа да имаат медиуми со странска сопственичка структура.
Тоа водеше кон реструктуирања во куќата. Потпретседателката на РСЕ Џулија Рагона изјави дека „ времето и технологијата се сменети и истото мора и ние да го сториме. Како резултат на тоа РСЕ инвестира во привлекување на публика обезбедување на напредн аи интерактивна дигитална содржина.“ Таа додаде дека верува оти со новата стратегија заедно со директорот Маша Гесен ќе го постигнат тоа.
XS
SM
MD
LG