Достапни линкови

logo-print

Меркел: Грција постигна напредок, но има уште работа


Германската канцеларка Ангела Меркел вети дека Германија ќе продолжи да ја поддржува Грција по денешната средба со нејзиниот грчки колега во Атина. Нејзината прва посета на Атина од почетокот на кризата пред три години помина со насилни протести при кои безбедносните сили со солзавец ги растеруваа демонстрантите.
По средбата со премиерот Андонис Самарас, таа изјави дека Грција постигала напредок во кратењето на буџетскиот дефицид но додаде дека се уште има простор за подобрување во собирањето на даноците и намалување на трошоците на локалните власти. Меркел истакна дека Грција треба да остане во еврозоната. Самарас изјави дека Грција ќе се „држи до реформите“ .
Полицијата во меѓувреме со солзавец ги растураше демонстранти кои со молотови коктели и камења фрлаа во централниот дел на Атина. Околу 50 илјади луѓе излегоа на протести на улиците на Атина.
XS
SM
MD
LG