Достапни линкови

Името да се реши во раната фаза од преговорите со ЕУ


Еврокомесарот за проширување Штефан Филе.
Еврокомесарот за проширување Штефан Филе.

Европската комисија смета дека преговорите треба да почнат, а проблемот со името со Грција да биде решен во раната фаза на пристапните преговори, што би било еден вид услов за натамошниот тек на преговорите.

Европската комисија во извештајот за прогрес на Македонија кон евро-интеграциите, што ќе биде објавен утре, препорачува почеток на преговорите за членство во ЕУ, велат дипломатски извори од Брисел за Радио Слободна Европа.
Европската унија оценките за нашиот напредок, не ги прави „за атер“, па да ги испегла видувањата за нас. Јас мислам дека нивната отвореност и критичност ќе останат и тоа е добро, но нивната оценка во овој период се базираше на договорените приоритети, кои ние си ги зададовме заедно со нив и врз основа на тие приоритети ние сме позитивно оценети.
Теута Арифи, вицепремиерка за евроинтеграции.

Според истите извори, Комисијата смета дека преговорите треба да почнат, а проблемот со името со Грција да биде решен во раната фаза на пристапните преговори, што би било еден вид услов за натамошниот тек на преговорите.

Европските дипломати сметаат дека со обврската прашањето за името да биде решено во раната фаза од преговорите е јасно дека ова прашање е суштинско, односно Комисијата оценува дека спорот за името треба да биде решен без одлагање.

Почетокот на преговорите со Македонија е неопходен за консолидирање на реформите во земјата, се наведува во извештајот на Комисијата, дознава Радио Слободна Европа од дипломатски извори во Брисел.
Не чека извештај со оценка „доволен 2“ колеги. Погледнете ја пораката од силен поддржувач на Македонија, како што е господинот Лајчек. Тој вели вака:Хрватска и Грна Гора успеаја да ја убедат Европската унија дека влезот во Европа им е приоритет, тоа не може да се каже за останатите. Македонија продолжува да биде во останатите.
Радмила Шеќеринска, СДСМ.

Државната новинска агенција МИА, повикувајќи се на нацрт-верзијата на извештајот што се однесува на Македонија, објави дека Комисијата потенцира оти е потребно напредување на процесот на пристапување на земјата во следна фаза, за да се консолидираат темпото и одржливоста на реформите, особено во однос на владеењето на правото, како и за зајакнување на меѓуетничките односи.

Македонскиот политички врв очекува позитивен извештај од ЕУ. Вицепремиерката за евроинтеграции, Теута Арифи вели дека е рано да се прогнозира дали на самитот во декември државата ќе добие датум за преговори. Таа вели дека е реално да се очекува позитивен извештај, кој ќе биде приказ на нашата реалност.

„Европската унија оценките за нашиот напредок, не ги прави „за атер“, па да ги испегла видувањата за нас. Јас мислам дека нивната отвореност и критичност ќе останат и тоа е добро, но нивната оценка во овој период се базираше на договорените приоритети, кои ние си ги зададовме заедно со нив и врз основа на тие приоритети ние сме позитивно оценети“, изјави вицепремиерката Арифи за Алфа ТВ.

Пратеничката Радмила Шеќеринска од СДСМ, на собраниската седница за интепелација на владата во петокот рече дека Македонија ќе добие едвај преодна оценка во извештајот на Европската комисија.

„Не чека извештај со оценка „доволен 2“ колеги. Погледнете ја пораката од силен поддржувач на Македонија, како што е господинот Лајчек. Тој вели вака:Хрватска и Грна Гора успеаја да ја убедат Европската унија дека влезот во Европа им е приоритет, тоа не може да се каже за останатите. Македонија продолжува да биде во останатите.“

Комесарот за проширување Штефан Филе утре во Брисел ќе ги презентира извештаите за земјите кандидати за членство и на потенцијалните кандидати.

Во Скопје, пак, во ЕУ Инфо центарот, извештајот ќе го презентира и евроамбасадорот Аиво Орав. Потоа тој документот ќе им го достави и на претседателот Ѓорге Иванов, на премирот Никола Груевски и на претседателот на Собранието Трајко Вељаноски.

Македонија доби кандидатски статус во 2005 година. Четири години подоцна, во 2009 година, Комисијата оцени дека земјата ги исполнила политичките критериуми и препорача отворање на преговори за членство. Оваа препорака беше повторена од страна на ЕК и во 2010 и 2011 година.
  • 16x9 Image

    Пелагија Стојанчова

    Новинарската кариера ја започна како радио водител на музичка емисија во локалното радио во Кратово. Во 2008 година работеше како новинар за култура и образование во бесплатниот дневен весник Шпиц. Од јануари 2009 работи како дописник за Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG