Достапни линкови

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ шири меѓуетнички тензии за политички поени


ВМРО-ДПМНЕ го оцени ставот на опозициската СДСМ како желба за потпалување тензии и создавање криза во државата. Во писмената реакција на
ВМРО-ДПМНЕ е наведено дека Гордан Георгиев по партиска задача шири меѓуетничка тензија и да го злоупотребува секој инцидент за добивање политички поени. Во продолжение се вели дека ВМРО-ДПМНЕ никогаш не калкулирала со меѓуетничките односи и секогаш отворено говорела за предизвиците.
Претходно Георгиев изјави дека клучен фактор за нарушените односи меѓу заедниците е „неодговорната политика на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ и нивната фингирана караница“. Тој изрази загриженост за најновите инциденти меѓу млади луѓе во кои се применува насилство поттикнато од меѓуетничка нетолеранција и ги повика владеачите партии да го решат проблемот.
XS
SM
MD
LG