Достапни линкови

Оли Рен: Грција треба да ги реализира реформите за да добие следна транша


Грција очекува да ја добие следната транша од 31,5 милијарди евра од меѓународниот спасувачки пакет најдоцна во ноември, изјави денеска еврокомесарот за економски и монетарни прашања Оли Рен. Тој додаде дека Грција треба да исполни низа мерки за фискална консолидација и структурни реформи пред нејзините меѓународни кредитори да можат да го завршат извештајот за напредокот со цел да си отворат пат за доделување на следната транша. Рен по по средбата со министрите за финансии на Европската унија говорејќи за продолжување на мисијата на кредиторите на Грција истакна дека е „многу блиску до завршување на преговорите и до договор на експертско ниво“.
XS
SM
MD
LG