Достапни линкови

Се уште нема судска одлука за преименуваните училишта


Нема се уште судска одлука за поставувањето на таблите со нови имиња на четирите основни училишта во Чаир, а се уште се во тек и активностите на работната група на МОН и ЗЕЛС која треба да ги утврди критериумите по кои во иднина ќе се формираат комбинирани т.е. паралелки за ученици на различна возраст. Ова го изјави денеска министерот за образование Панче Кралев. Тој додаде дека проектите кои се зацртани во Програмата за работа на Владата остануваат приоритет и тој процес ги вклучува сите кои се дел од Министерството, вклучувајќи го и заменикот министер Сафет Незири.
XS
SM
MD
LG