Достапни линкови

Дваесетина азербејџански граѓани осудени за тероризам


Дваесет и двајца азербејџански граѓани се осудени на затвор од 10 до 15 години за планирање на терористички напади врз американската и израелската амбасада во Баку. Обвинетите биле уапсени во март под сомнение дека се поврзани со иранската револуционерна гарда. Судењето против нив започна во август.
Азербејџанскиот министер за внатрешни работи соопшти дека во одмот на обвинетите било пронајдено експлозиви и оружје.
Односите меѓу Техеран и Баку се нарушени откако се појавија извештаи дека Азербејџан купил оружје од Иран во вредност од 1,6 милијарди долари. Иран го обвини Азербејџан дека дозволува израелски шпиуни да ја користат нејзината територија.
XS
SM
MD
LG