Достапни линкови

Името да биде решено во првата фаза од преговорите со ЕУ


Европската комисија ќе препорача почеток на преговорите со Македонија, а проблемот со името да биде решен во првата фаза од преговорите.

Европската комисија во извештајот за прогрес на Македонија кон евро-интеграциите, што ќе биде објавен утре, препорачува почеток на преговорите за членство во ЕУ, дознава Радио Слободна Европа.

Според дипломатски извори од Брисел, Комисијата смета дека преговорите треба да почнат, а проблемот со името со Грција да биде решен во раната фаза на пристапните преговори, што би било еден вид услов за натамошниот тек на преговорите.

Европските дипломати сметаат дека со обврската прашањето за името да биде решено во раната фаза од преговорите, е јасно дека ова прашање е суштинско, односно Комисијата оценува дека спорот за името треба да биде решен без одлагање.

Почетокот на преговорите со Македонија е неопходен за консолидирање на реформите во земјата, се наведува во извештајот на Комисијата, дознава Радио Слободна Европа од дипломатски извори во Брисел.
XS
SM
MD
LG