Достапни линкови

logo-print

СДСМ загрижен за последните инциденти


СДСМ денеска изрази загриженост за најновите инциденти меѓу млади луѓе во кои се применува насилство поттикнато од меѓуетничка нетолеранција. Потпрестедателот на СДСМ Гордан Георгиев изјави дека клучен фактор за нарушените односи меѓу заедниците е „неодговорната политика на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ и нивната фингирана караница“. Тој додаде дека за само неколку дена повторно се појавија сериозни инциденти кои ја загрижуваат јавноста. Тој ги повикува ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ да престанат со политичките игри и да изнајдат решенија за проблемите затоа што нивна законска обврска е да обезбедат мир и сигурност за учениците.
XS
SM
MD
LG