Достапни линкови

logo-print

Македонија има 6,8 тони злато


Светскиот совет за злато објави нов попис на земји кои имаат најголеми резерви на злато. Според овој Совет, централните банки ширум светот купиле 157,5 тони злато во вториот квартал.
Од земјите од регионот најмногу злато има Србија која се наоѓа на 59-то место со 14,8 тони злато, а Македонија се наоѓа на 75 место со 6,8 тони злато, односно има 13,6 отсто од девизините резерви во злато. Хрватска ја нема во првите 100 бидејќи нема злато, односно златните резерви Хрватската Народна Банка ги продаде уште пред 11 години. Најмногу злато во светот имаат САД со 8.133,5 тони злато што е најмногу уште од 1952 година кога имале дури 20.000 тони. Германија има 3.395,5 тони злато откако во септември 2011 продадоа 4,7 тони злато. Во првите десет се и Италија, Франција, Кина , Швајцарија, Русија, Јапонија, Холандија и Индија.
XS
SM
MD
LG