Достапни линкови

logo-print

Ирак ќе купува оружје од Русија


Ирак потпиша договор за купување на оружје од Русија во вредност од 4,2 милијарди долари. Според документ од руската влада, договорот е потпишан на средбата на рускиот премиер Дмитри Медведев и неговиот ирачки колега Нури Ал Малики при неговата посета на Москва. Повеќе детали околу договорот не се соопштени. Рускиот дневен весник „ Ведомости“ јавува дека договорот за купување оружје бил усогласен минатиот месец. Во договорот се вклучени воени хеликоптери и мобилни ракетофрлачи.
XS
SM
MD
LG