Достапни линкови

ММФ ја намали проекцијата за македонскиот економски раст


Меѓународниот монетарен фонд ја намали проекцијата за економски раст за македонската економија годинава од 2 на 1 отсто додека следната година на растот на брутодомашниот производ нема да биде поголем од 2%.
Според последниот извештај на ММФ од земјите во регионот, ист раст ќе забележи Бугарија, додека економскиот раст во Албанија ќе порасне за 0,5 отсто, Црна Гора 0,2 отсто, Босна и Херцеговина нула, а во Грција се очекува пад од шест проценти.
Најголем раст ќе има Косово, годинава од 3,8, а догодина од 4,1 отсто.
ММФ предвидува економијата во еврозоната да забележи пад од 0,4 отсто годинава, а наредната да има раст од 0,2 процента. Во извештајот се наведува дека на глобалната економија најголемо влијание ќе има состојбата во САД и Европа. Американците мора да го запрат задолжувањето, додека Европа мора да продолжи со стабилизациски фонд, интеграција и банкарска унија советува ММФ
XS
SM
MD
LG