Достапни линкови

Расмусен: НАТО има план за да ја одбрани Турција


Генералниот секретар на НАТО Андрес Фог Расмусен изјави денеска дека воената алијанса ги има сите неопходни планови за заштита и одбрана на Турција, доколку тоа е потребно. Расмусен ова го изјави пред почетокот на состанокот на министрите за одбрана на НАТО во Брисел. На денешниот состанок ќе се разговара за растечките тензии меѓу Сирија и членката на НАТО Турција. Турската војска шест дена по ред возвраќаше со напади откако од сириската страна беше испукан проектил кон Турција во близина на границата, каде што безбедносните сили на сирискиот претседател Башар Ал Асад се борат со бунтовниците.
XS
SM
MD
LG