Достапни линкови

Сегашните генерации ќе трошат, идните ќе враќаат


Премиерот Никола Груевски на средба со бизнис заедницата и стопанските комори.

Премиерот Никола Груевски на средба со бизнис заедницата и стопанските комори.

ММФ ја предупреди владата да размисли како ќе ги враќа долговите и како ќе ги исплати најавените повисоки пензии.

Откако претставникот на ММФ Александар Тиеман, вчера, предупреди дека владата треба да размисли како ќе ги исплати долговите кон стопанствениците по основ на ДДВ, експертите повикаа и на итно делување да се направи анализа да се види зошто некој го испразнил буџетот, односно каде отишле парите.
Уште од почетокот кога ја слушнав првата изјава на премиерот по средбата со бизнисмените, бев многу скептичен, затоа што премиерот искажа подготвеност да се вратат парите, меѓутоа не кажа од каде, јас не слушнав, не разбрав од каде. Мојата прва претпоставка е дека ќе имаме некакво надворешно задолжување, што подоцна се потврди и со дополнителни информации.

„Значи, во ред, вие ќе ги исплатите долговите, но следната година може истото пак да ви се случи. Работа што би сакал да ја потенцирам е како да се финансира тоа, бидејќи Македонија е ограничена земја кога станува збор за можностите за финансирање“, нагласи вчера претставникот на ММФ Тиеман.

Ова до пред само еден месец беше прашање на кои се уште немаа одговор и домашните економисти.
Обраќање на премиерот Никола Груевски на средбата со бизнис заедницата и стопанските комори.

Обраќање на премиерот Никола Груевски на средбата со бизнис заедницата и стопанските комори.


„Уште од почетокот кога ја слушнав првата изјава на премиерот по средбата со бизнисмените, бев многу скептичен, затоа што премиерот искажа подготвеност да се вратат парите, меѓутоа не кажа од каде, јас не слушнав, не разбрав од каде. Мојата прва претпоставка е дека ќе имаме некакво надворешно задолжување, што подоцна се потврди и со дополнителни информации“, вели професор Сашо Арсов од Економскиот факултет во Скопје

Анализите на професор Арсов упатуваат дека од аспект на одржливост тоа е префрлање на топката од сегашните на следните генерации. Со други зборови, сегашните генерации ќе трошат, ќе уживаат, меѓутоа следните генерации ќе мораат да ги враќаат нивните долгови, вели тој.
Е сега што ќе направи тој? Тој кога имаше пари, Македонија не ги изгради патиштата, сега ќе ги гради која нема пари? Единствено што може да направи е уште повеќе да не задолжи. Министерот за финансии „пукна“ да не убедува дека ние нема да бидеме презадолжена земја. Ако ние не сме презадолжена земја и нема да бидеме во иднина, тогаш зошто не убедува, тоа ќе им беше јасно на сите.

„Ова особено на пензиите се однесува, зголемување на пензиите за некој си процент, а од друга страна децата на тие пензионери кои може и се невработени, ќе треба да трпат, бидејќи тие пари ќе треба да се вратат.“

Според него, истото се однесува и на парите за долговите кон стопанството.

Како што вели професор Ванчо Узунов, се гледа дека земјава повторно ќе се задолжува и во неодамнешното признавање дека ќе се градат капитални проекти во наредниот период како автопатишта. Ако сакате да видите како тоа ќе изгледа во пракса слушнете ги нејасните изјави што во изминатиот период доаѓаа од претставниците на владата и од премиерот, вели професор Узунов.

„Е сега што ќе направи тој? Тој кога имаше пари, Македонија не ги изгради патиштата, сега ќе ги гради која нема пари? Единствено што може да направи е уште повеќе да не задолжи. Министерот за финансии пукна да не убедува дека ние нема да бидеме презадолжена земја. Ако ние не сме презадолжена земја и нема да бидеме во иднина, тогаш зошто не убедува, тоа ќе им беше јасно на сите.“

Претставникот на ММФ ја предупреди владата да размисли за најавата за зголемување на пензиите. Според него тоа е проблематично со оглед што во собирањето пари во буџетот не се планира на пример зголемување на даноци. Економистите оценуваат дека задолжувањето стана клише за итно подобрување на економијата.

„Прво прашање е да видиме зошто некој го испразнил буџетот, а потоа ако е на страната на приходите, ќе се зголемат, меѓутоа ако е проблемот на страната на расходите, тогаш да ги намалиме расходите. Таква една анализа прво ни треба, за да видиме каде е проблемот, за да оцениме. Даноците не мора да се зголемат, ако има резерви во намалување на расходите, а можеби ги има, верувам дека ги има“, нагласува професор Сашо Арсов од Економскиот факултет во Скопје .
  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG