Достапни линкови

Декриминализација на клевета за цензура на интернет


Во знак на протест против членот 11 од предлог-законот за граѓанска одговорност за навреда и клевета, кој се однесува на комуникацијата преку интернет, дел од македонските интернет сајтови ноќеска на полноќ ги затемнија екраните.
Во знак на протест против членот 11 од предлог-законот за граѓанска одговорност за навреда и клевета, кој се однесува на комуникацијата преку интернет, дел од македонските интернет сајтови ноќеска на полноќ ги затемнија екраните.

Во знак на протест против членот 11 од предлог-законот за граѓанска одговорност за навреда и клевета, кој се однесува на комуникацијата преку интернет, дел од македонските интернет сајтови ноќеска на полноќ ги затемнија екраните.

Предложениот закон за клевета и навреда, ако се усвои таков каков што е, ќе доведе до цензура на интернетот во Македонија, предупредуваат експертите со кои разговаравме. Во знак на протест против членот 11 од предлог-законот за граѓанска одговорност за навреда и клевета, дел од македонските интернет сајтови ноќеска на полноќ ги затемнија екраните.
Со воведувањето на овие обврски, тие компании стануваат одговорни за сè што е изречено или напишано на сајтовите во нивна сопственост и со наметнувањето на таа одговорност, тие попрво би се одлучиле да не овозможат такви опции за граѓаните, наспроти можноста да се заложат за слобода на говор.
Филип Стојановски, фондација Метаморфозис.

Тие сметаат дека тој дел од законот може да доведе до целосно затворање на можностите за јавна дебата преку сајтови регистрирани во Македонија.

Според овој член од законот, „провајдерот на интернет услуги презема одговорност, заедно со авторот, за надоместување на штетата која произлегува од овозможување на пристап до навредливи или клеветнички информации“. Провајдерот нема да одговара само ако докаже дека „авторот на информацијата објавена на веб порталот не дејствувал под директна или индиректна контрола или влијание од страна на провајдерот на интернет услугата или да докаже дека не бил, ниту трeбало да биде свесен дека на неговиот веб-портал е објавен навредлив или клеветнички материјал“. Предлог-законот вели дека провајдерот нема да одговара ако во рок од 24 часа откако станал свесен дека е објавена навреда или клевета, ја отстрани таа информација, при што барање за отстранување може да поднесе и оштетеното лице.
Дури и кога веб-сајтот не е хостиран во Македонија, ќе биде оневозможен пристапот до него. Постои еден израз „the Great Firewall of China“, е па истото ќе се случи и во Македонија. Значи, кога во законот пишува да го оневозможи пристапот, тоа значи дека автоматски ќе се оди на блокирање на сите интернет адреси. Не е битно каде се наоѓа сајтот, под чија јурисдикција, во Република Македонија пристапот до него ќе биде оневозможен.
Игор Стаматовски, Слободен софтвер Македонија.

Фондацијата за интернет општество Метаморфозис реагира дека законот не прецизира што подразбира под провајдер, со што се остава простор за слободно толкување.

Со оглед дека предвидените казни за клевета и навреда достигнуваат до 27 илјади евра, тоа ќе доведе до ситуација порталите, блоговите или интернет форумите да ги цензурираат содржините објавени од нивните корисници, предупредува Филип Стојановски од Метаморфозис.

„Со воведувањето на овие обврски, тие компании стануваат одговорни за сè што е изречено или напишано на сајтовите во нивна сопственост и со наметнувањето на таа одговорност, тие попрво би се одлучиле да не овозможат такви опции за граѓаните, наспроти можноста да се заложат за слобода на говор“, вели Стојановски.

Игор Стаматовски од граѓанската организација Слободен софтвер Македонија вели дека членот 11 од предлог-законот за клевета и навреда воопшто не треба да постои.

„Употребата му е премногу широка, а е комплетно нејасно на кој начин ќе се применува. Оттука постои страв дека ќе предизвика економски проблеми, меѓутоа ќе предизвика и проблеми во однос на слободата на говор и на крајот ќе води кон цензура, што значи дека во целост се коси со членот 16 од Уставот на Република Македонија.“

Го прашавме Стаматовски што ќе значи законот за сајтови што не се регистрирани во Македонија, како што се на пример Фејсбук или Твитер.

„Дури и кога веб-сајтот не е хостиран во Македонија, ќе биде оневозможен пристапот до него. Постои еден израз „the Great Firewall of China“, е па истото ќе се случи и во Македонија. Значи, кога во законот пишува да го оневозможи пристапот, тоа значи дека автоматски ќе се оди на блокирање на сите интернет адреси. Не е битно каде се наоѓа сајтот, под чија јурисдикција, во Република Македонија пристапот до него ќе биде оневозможен“, објаснува Стаматовски.

Во анализата на Центарот за развој на медиуми се наведува дека одговорноста е погрешно лоцирана во провајдерите на интернет услуги и оти треба да одговара само изнесувачот на клеветата и навредата, а отстранувањето на содржината да биде само после судска пресуда и налог на судот. Во секој случај – провајдерот не може да одговара за материјална и нематеријална штета, се наведува во анализата на Центарот за развој на медиуми. Тие препорачуваат, целиот член да се ревидира во правец на лоцирање поединечна одговорност на давателот на изјавата и врз оној за кој ќе се утврди дека имал ефективна уредувачка контрола, за да се воспостави заедничка одговорност, при што треба да се дефинира што е ефективна уредувачка контрола.
  • 16x9 Image

    Срѓан Стојанчов

    Новинарската кариера ја започна како новинар во внатрешно-политичката рубрика на дневниот весник Шпиц во 2008 година. Роден е на 27.10.1981г. во Скопје. Од февруари 2009 работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG