Достапни линкови

Меѓународната заедница молчи за проблемите во Македонија


Средба на премиерот Никола Груевски со евроамбасадорот Аиво Орав , 13 март 2012.

Средба на премиерот Никола Груевски со евроамбасадорот Аиво Орав , 13 март 2012.

Од канцеларијата на Европската унија во Скопје не сакаат да ја коментираат политичката ситуација во државата пред утрешниот извештај за напредокот на нашата земја. Аналитачарите, пак, велат дека меѓународните претставници се повлекуваат и им даваат простор на политичките раководства да ги решат проблемите.

Претставниците на Меѓународната заедница засега молчат за последните политички случувања на македонската сцена како и за зголемените меѓуетничките тензии предизвикани од несогласувањата меѓу владините коалициони партнери.
Ниту Европа, ниту нашите сојузници Американците не се обидуваат да реагираат, дотолку повеќе што во САД започна кампањата за следните претседателски избори, а со тоа се блокираат поголемите активности на надворешно-политички план, а од друга страна македонската политичка сцена е во исчекување на извештајот.

Од канцеларијата на Европската Унија во Скопје не сакаат да ја коментираат политичката ситуација во државата пред утрешниот извештај за напредокот на нашата земја. Се очекува токму во него да бидат коментирани политичките критериуми кои се поврзани со последните настани.
октел за 4 јули во Американската амбасада во Скопје. Премиерот Никола Груевски, претседателот на Собранието Трајко Вељаноски и претседателот Ѓорге Иванов со амбасадор Пол Волерс.

октел за 4 јули во Американската амбасада во Скопје. Премиерот Никола Груевски, претседателот на Собранието Трајко Вељаноски и претседателот Ѓорге Иванов со амбасадор Пол Волерс.


Познавачите на надворешната политика велат дека меѓународните структури во моментот се посветени на своите внатрешни проблеми поврзани со појавата на одредени екстремни движења и со проблемите од економска природа.

Поранешниот амбасадор во НАТО Нано Ружин вели дека Меѓународната заедница е презаситена од постојаните укажувања за тоа како треба да се води похрабра политика што ќе овозможи влез во евроатлантските структури.

„Ниту Европа, ниту нашите сојузници Американците не се обидуваат да реагираат, дотолку повеќе што во САД започна кампањата за следните претседателски избори, а со тоа се блокираат поголемите активности на надворешно-политички план, а од друга страна македонската политичка сцена е во исчекување на извештајот“.
Република Македонија, последните неколку години, според мене, води неевропска политика во повеќе области и тоа се евидентира од страна на Европската унија и заради тоа тие сега некако и свртуваат грб на Република Македонија.

Според професорот Беким Кадриу, пак, пасивниот однос на Меѓународната заедница кон Македонија е поврзана со, како што вели, неевропската политика што ја водат македонските власти.

„Република Македонија, последните неколку години, според мене, води неевропска политика во повеќе области и тоа се евидентира од страна на Европската унија и заради тоа тие сега некако и свртуваат грб на Република Македонија“.

Ружин посочува дека во овој период меѓународните претставници се повлекуваат и им даваат простор на политичките раководства да ги решат проблемите за да се надминат актуелните несогласувања во владината коалиција, но и клучните прашања со кои ќе се овозможи деблокирање на македонските евроинтеграции.

„Доколку ние од наша страна, пред се Република Македонија не покаже поголема инвентивност, поголема храброст, поголема решителност, во тој случај ќе останеме слепо црево на Европа“.

Улогата на Меѓународната заедница во решавањето на спорни политички ситуации и конфликти не смее да се потцени, порачува Кадруи. Но и според него најважно е ние самите да си ги решиме проблемите кои постојат и кои претставуваат реална закана за влошената меѓуетничка доверба во државата.

„Ние секој конфликт што сме го имале, па земете го и конфликтот од 2001 не можеше да се реши без влијание од надвор, друго е кога ве седнуваат луѓе со авторитет од меѓународната политика, ќе ги седнат лидерите на политичките партии, ќе ги слушнат нивните политички ставови и ќе им ги кажат опциите“, вели Кадриу.

Последен пат Американската амбасада се јави со реакција по настанот во Слупчане, кога постапката на министерот за одбрана Фатмир Бесими ја оценија како храбро лидерство во претставувањето и служењето на сите граѓани на Македонија .
  • 16x9 Image

    Марија Тумановска

    Марија Тумановска, родена 1981 година во Струмица. За време на студентските денови, волонтира во некои од пишаните медиуми. По завршувањето на факултетот за новинарство, станува соработник во детската редакција на Македонското радио, Радио Скопје. Подоцна работи во културниот сектор на истиот медиум. Во Радио Слободна Европа е од декември 2004 година.

XS
SM
MD
LG