Достапни линкови

logo-print

Абдула Ѓул ја повика Меѓународната заедница да преземе акција во Сирија


Турскиот претседател Абдула Ѓул изјави дека во Сирија се развива најлошо светско сценарио и ја повика Меѓународната заедница да дејствува во Сирија.Ѓул рече во Анкара дека Турција ќе продолжи да прави се што е потребно за да ги заштити своите граници.Неговиот коментар дојде во момент кога Турската армија повторно возврати со гранатирање на сириска територија ,откако граната испукана од сириска страна падна во провинцијата Хатај на турската страна од границата. Тоа е шести по ред ден на турска одмазда поради бомбардирање од сириска страна каде силите на претседателот Башар Асад се борат против бунтовниците. Станува збор за досега најсериозни погранични борби откако во март минатата година почнаа со протести против сирискиот режим.
XS
SM
MD
LG