Достапни линкови

logo-print

Воз за Лерин за најмалку три години


Железничка станица Битола.

Железничка станица Битола.

Иако долго време се најавуваше реконструкција на меѓународната делница од Битола кон Лерин, која не функционира веќе 20 години, министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески деновиве призна дека пари се обезбедени преку ИПА фондовите, но процедурата ќе трае до 2015 година.

Дури за три години ќе затруби воз од Битола за Лерин. Иако долго време се најавуваше реконструкција на меѓународната делница кон Грција, која не функционира веќе 20 години, министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески деновиве призна дека пари се обезбедени преку ИПА фондовите, но процедурата ќе трае до 2015 година.
Целосно овој дел ќе се доизгради и рехабилитира. Очекуваме во 2015 согласно акциониот план да биде ставена во функција. Во моментот се изработува проект кој треба да биде готов до март 2013 година. Треба шест до девет месеци да се избере градежна компанија. Крајот на 2013 и почетокот на 2014 година ќе знаеме која градежна компанија ќе работи. Неа ќе и бидат потребни 18 месеци за да ја стави во функција пругата.

„Целосно овој дел ќе се доизгради и рехабилитира. Очекуваме во 2015 согласно акциониот план да биде ставена во функција. Во моментот се изработува проект кој треба да биде готов до март 2013 година. Треба шест до девет месеци да се избере градежна компанија. Крајот на 2013 и почетокот на 2014 година ќе знаеме која градежна компанија ќе работи. Неа ќе и бидат потребни 18 месеци за да ја стави во функција пругата“, изјави Јанакиески.

Проектот чини 8,9 милиони евра. Но, со него не се предвидени исправувања на железничката траса, електрификација на пругата или забрзано движење на возовите.

„Во оваа фаза само ќе се стави во функција, а во некоја втора фаза може да се планира и електрификација. Во оваа фаза не е предвидена електрификација“, вели министерот.

Бидејќи пелагонискиот крај е земјоделски, стопанствениците се интересираат дали со набавката на нови вагони во „Македонски железници“ ќе се набават и соодветни за транспорт на пченица.

„Не е предвидено тоа. Да зборувам со директорот колкав обем на работа ќе има за тоа. Ние направивме студија во соработка со најголемите коминтенти на Железници, врз база на тоа го одредивме обемот на купување вагони. Во моментот се подготвува тендерската документација, па има време нешто да се промени. Но, треба бенефит анализа да се направи за тоа“, додава Јанакиески.

За сегашните скапи цени на железничкиот транспорт на македонска стока до солунското пристаниште, министерот ја обвини Грција.

„Проблемот е што кога соседната земја, Грција влезе во криза направија потег што за сто отсто ги зголемија цените на превозот во делот на железницата. Сега цените се еден према два грубо пресметано, она што го наплаќа Македонија и Грција“, вели македонскиот министер за транспорт и врски.
  • 16x9 Image

    Жанета Здравковска

    Родена во Битола на 15.01.1977 година. Дипломирала на Педагошкиот факултет во Битола во 1999 година, а магистерски студии завршила на постдипломските студии по менаџмент на човечки ресурси на Институтот за социолошки и политичко- правни истражувања во Скопје. Работела како новинар во повеќе локални редакции во Битола, а за Радио Слободна Европа известува од 2002 година. 

XS
SM
MD
LG