Достапни линкови

Малики во потрага по инвестиции во Русија


Рускиот премиер Дмитри Медведев утре ќе се сретне со неговиот колега од Ирак Нури Ал Малики со кого ќе разговара за соработка во областа на енергетиката и одбраната. Кремљ соопшти дека Малики во среда ќе се сретне и со претседателот Владимир Путин за да разговараат околу развојот на руско-ирачките односи и соработка во полтичката и економската сфера.
Клучните теми во разговорите ќе биде инвестициската соработка меѓу двете земји и учеството на руските компании во големи заеднички проекти со ирачките во енергетскиот сектор. Во продолжение на соопштението од Кремљ се вели дека на нивната агенда за разговори е и развојот на настаните на Блискиот Исток како и за ситуацијата во Сирија
XS
SM
MD
LG