Достапни линкови

САД: Гласот на опозицијата во Венецуела мора да се слушне


САД денеска соопшти дека гласот на опозицијата во Венецуела мора да се слушне. Портпаролот на Стејт Департментот Вилијам Остик изјави дека се надева оти во иднина власта во Венецуела ќе го има в предвид и гласот на шестте милиони гласачи, кои на претседателските избори го поддржаа кандидатот на опозицијата. По вчерашните избори САД на Венецуела и го честиташе мирното организирање на изборите и високиот одзив, велејќи дека ги прифаќа резултатите.
На вчерашните претседателски избори Чавез освои 55 отсто од гласовите додека неговиот противкандидат Енрике Каприлес освои 45 отсто од гласовите, што е најдобар рекорд досега на сите противкандидати на Чавез.
XS
SM
MD
LG