Достапни линкови

Атина со 7 илјади полицајци ќе ја обезбедува Меркел


Околку 7 илјади полицајци ќе бидат распоредени во Атина во пресрет на посетата на германската канцеларка Ангела Меркел, поради најавените масовни протести на синдикатите. Голем дел од грчкото население ја обвинува Меркел за строгите мерки за штедење кои и ги наметнаа меѓународните кредитори на Грција во замена за финансиска помош. Утрешната посета на Меркел на Атина ќе биде прва откако започна грчката должничка криза пред три години. Полицијата очекува нејзината посета да предизвика масовни протести кои може да станат насилни.Синдикатите повикаа на тричасовен протест пред владата, каде што Меркел ќе се сретне со премиерот Антонио Самарас и други владини претставници.
XS
SM
MD
LG