Достапни линкови

Џафери молчи, а опозицијата се жали


Пратеникот на ДУИ Талат Џафери на денешната Комисија за труд и социјална политика молчеше повеќе од 2 часа. Опозицијата побара од владечките коалиционери кои во петокот изгласаа доверба во Владата да си ги решат проблемите и да престанат да ги блокираат институциите и како што велат, да престанат да ги злоупотребуваат децата во училиштата. Андреј Петров од СДСМ изјави дека со молчењето на Џафери се покажува „фингираната битка на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ“ за несогласување за законот за бранителите. Изет Зеќири од НДП, изјави дека со тоа што се случува на Комисијата со што се кочи носењето на Предлог законот, се потврдува дека ДУИ згрешиле при гласањето за доверба на владата.
ВМРО-ДПМНЕ во реакција на прес-конференцијата на Андреј Петров од СДСМ посочува дека со тоа што тој ги повторил ставовите на Бранко Црвенковски и говорот на Јани Макрадули одржан во Собранието покажува дека во опозицијата владее безидејност, недостиг на свеж потенцијал и сериозност за важните прашања и теми.
Во продолжение е наведено дека ВМРО-ДПМНЕ јасно и прецизно, без никаква калкулација, ги посочи своите ставови во врска со сите акуелни прашања.
XS
SM
MD
LG