Достапни линкови

Ештон: Чавез треба да ги промовира основните права за слобода


Еврокомесарката за надворешни работи Кетрин Ештон го повика венецуелскиот претседател Хуго Чавез да го искористи новиот 6 годишен мандат за да „им пружи рака на сите граѓани“ и да ги промовира „основните права за слобода.“ Таа во соопштението му честита за победата на изборите и додава дека со победат доаѓа и одговорноста со што тој треба да ги зајакне институциите во Венецуела и да ги промовира основните вредности.

Чавез на вчерашните претседателски избори освои 54 отсто од гласовите додека неговот противкандидат Енрике Каприлес освои 45 отсто.
XS
SM
MD
LG