Достапни линкови

logo-print

Експлозија во Турција, сопрена испорака на природен гас


Турските медиуми јавуваат дека е сопрена испораката на гас во Турција од Иран откако припадници на Курдската работничка партија со бомба ја разнеле гасоводната цевка во југоисточниот дел на земјата. Според новинарските извештаи по експлозијата останало 50 метри широка и 3 метри длабока дупка. Минатиот понеделник при слична експлозија беше прекинат доводот на природен гас од Азербејџан кој поминува низ линијата Баку- Тбилиси- Ерзурум.
Милитантите во тој регион дејствуваат веќе 3 децении.
XS
SM
MD
LG