Достапни линкови

МКГ - Авганистан се движи кон криза по повлекувањето на НАТО


Илустрација: Авганистански војници.

Илустрација: Авганистански војници.

Авганистан се движи кон потенцијално катастрофална политичка криза откако силите на НАТО ќе се повлечат од земјата и ќе им ја предадат контролата врз безбедноста на авганистанските сили во 2014 година. Ова се наведува во најновиот извештај на Меѓународната кризна група(МКГ) насловен „Авганистан: Долг, тежок пат до транзицијата во 2014“. МКГ со седиште во Брисел се опишува себе си како независна невладина организација посветена на спречување крвави конфликти.

Кендис Рондо, висок аналитичар за Авганистан во организацијата, вели дека има реален ризик авганистанската влада која ја има поддршката од САД да падне по повлекувањето на силите на НАТО во 2014 година. Тој смета дека авганистанската армија и полиција не се подготвени за транзицијата.

Според извештајот, стабилноста е дополнително загрозена од неуспехот на владата да се подготви за спроведување фер избори.

Во меѓувреме, Талибанците објавија соопштение во кое се вели дека точно 11 години по почетокот на војната, САД и НАТО се поразени во Авганистан. Во соопштението се вели дека странските сили бегаат од Авганистан понижени и посрамени и оти се трудат да обезбедат објаснување.
XS
SM
MD
LG