Достапни линкови

Чавез доби нов шестгодишен мандат


Претседателот на Венецуела Уго Чавез свири на гитара на предизборен митинг во Кабимас на 30 септември 2012 година.

Претседателот на Венецуела Уго Чавез свири на гитара на предизборен митинг во Кабимас на 30 септември 2012 година.

Актуелниот претседател на Венецуела Уго Чавез победи на вчерашните претседателски избори во земјата и доби нов шестгодишен мандат, соопштија тамошните изборни власти. Претставници на изборната комисија соопштија дека Чавез освоил 54 отсто од гласовите, додека неговиот противкандидат Енрике Каприлес добил околу 45 отсто од гласовите. На гласање излегле повеќе од 80 отсто од околу 19 милиони регистрирани избирачи.

По соопштувањето на резултатите, симпатизерите на Чавез излегоа на улиците на Каракас да прослават. Чавез, кој е сојузник на владите на Русија, Белорусија и на Иран, е на власт од 1999 година, најдолго од кој било избран претседател во Јужна Америка.

Организациите за човекови права и за слобода на медиуми го критикуваат за користење репресивни мерки кон критичарите на неговото владеење.
XS
SM
MD
LG