Достапни линкови

Разрешен либискиот премиер


Мустафа Абушагур.

Мустафа Абушагур.

Либискиот национален конгрес изгласа недоверба на кабинетот предложен од новоизбраниот премиер Мустафа Абушагур, што доведе до разрешување на премиерот. Од членовите на Конгресот, 125 гласаа против новиот кабинет, 44 беа за и 17 воздржани. Абушагур беше избран за премиер во септември. Тој предложи 10 нови министри да управуваат со земјата во следните шест месеци, но Националното собрание не го прифати неговиот предлог. Тој не успеа да формира влада прифатлива за сите Либијци. Абушагур претходно го повлече првиот кабинет, откако се соочи со силен отпор.
XS
SM
MD
LG