Достапни линкови

Политички туризам во Битола


ВМРО-ДПМНЕ организира „Тура кон иднината“ за посета на индустриската зона Жабени кај Битола.

ВМРО-ДПМНЕ организира „Тура кон иднината“ за посета на индустриската зона Жабени кај Битола.

ВМРО-ДПМНЕ обезбедува автобуси за „Тура кон иднината“ во индустриската зона Жабени. СДСМ, пак, ги вози на „Тура кон суровата реалност со Талески“.

Туристичките тури станаа политички во Битола, политичарите туристички водичи, а индустриската зона Жабени туристичка дестинација. Со денови општина Битола организира тури за љубопитни граѓани да ја видат изградбата на фабриката „Кронберг и Шуберт“ во Жабени со што сакаат да докажат дека привлекуваат странски инвестиции. Опозицијата, пак, напоредно организира тура до грчките фабрики кои со рецесијата се затворија за време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ.
Бевме многу критикувани, напаѓани дека земјиштето не е добро, ништо не се инвестира, дека е погрешна локацијата.

Опозицијата организира „Тура кон суровата реалност со Талески“ за посета на фабрики кои се затворија за време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ.

Опозицијата организира „Тура кон суровата реалност со Талески“ за посета на фабрики кои се затворија за време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ.

Автобусите за Жабени, освен што се полнат со лица вработени во државни компании и институции, турите се најдоа и на агендата на битолските пензионери. Претседателот на пензионерското здружение, Томе Илиовски вели:
Наместо кај нас, отворени се 300 нови работни места во Валандово, а кај нас без работа останаа 100 лица.

​„Тоа што постои таму сакаме да го видиме, како е, што е, до каде е градбата. Ние имаме една програма - запознај ја својата татковина, а ова значи и својата околина. Досега имаме тури за Крушево и Мариово и имаме платено преку 60 автобуси за прошетки.“

Од општината велат дека целта е да се демантира опозицијата дека во Жабени не се гради ништо и дека земјиштето тоне.

„Бевме многу критикувани, напаѓани дека земјиштето не е добро, ништо не се инвестира, дека е погрешна локацијата. Се работи за два големи и различни системи по принципот на размислување. Нивниот принцип го видовме, 30 фабрики ги затворија во Битола, 10.000 луѓе изгубија работни места“, вели битолскиот градоначалник Владимир Талески.

Наспроти т.н. тура кон иднината на општина Битола и опозицијата тргна во, како што велат, тура кон суровата реалност.

„Производниот капацитет на компанијата Дока текстил и групацијата ДМИСС отворен пред 10 години за жал деновиве е затворен и дислоциран во индустриската зона Габрово кај Валандово зашто добиле многу подобри услови за работа. Наместо кај нас, отворени се 300 нови работни места во Валандово, а кај нас без работа останаа 100 лица“, обвини Горан Милевски, советник од ЛДП.
  • 16x9 Image

    Жанета Здравковска

    Родена во Битола на 15.01.1977 година. Дипломирала на Педагошкиот факултет во Битола во 1999 година, а магистерски студии завршила на постдипломските студии по менаџмент на човечки ресурси на Институтот за социолошки и политичко- правни истражувања во Скопје. Работела како новинар во повеќе локални редакции во Битола, а за Радио Слободна Европа известува од 2002 година. 

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG