Достапни линкови

logo-print

Неделен печат - Контрапротести, името, поделеност во ВМРО-ДПМНЕ...


Паралелни здруженија, синдикати и граѓански инцијативи, поделеноста во ВМРО-ДПМНЕ, преговорите за името, дел од темите во неделниците.

Најновиот онлајн Глобус се осврнува на манирот на организирање контрапротести што власта за прв пат го направи против „Плоштад Слобода“ составен од студенти по архитектура што се појави како естетска и идеолошка противтежа на владиниот мега проект „Скопје 2014“, а потоа стана вообичаена практика особено изразена во последниве неколку месеци.
Секој обид на невладините организации и граѓански здруженија, јавно да го искажат својот револт е мотив за власта да продуцира паралелни здруженија на земјоделци, стечајни работници, наводно граѓански иницијативи против приватизацијата направена во времето на Црвенковски, синдикати на лекари, и да организира контрапротест.

Глобус - Контрапротести наместо решенија
Протест на земјоделци пред Собранието на Република Македонија.

Протест на земјоделци пред Собранието на Република Македонија.


Секој обид на невладините организации и граѓански здруженија, наведува Глобус, јавно да го искажат својот револт е мотив за власта да продуцира паралелни здруженија на земјоделци, стечајни работници, наводно граѓански иницијативи против приватизацијата направена во времето на Црвенковски, синдикати на лекари, и да организира контрапротест. Социолозите сметаат дека владејачката партија на тој начин се обидува да влијае на јавното мислење, наместо да нуди соодветни решенија или политики, што за една современа држава е недозволиво и дека тое е идентично на тактиката на режимот на Слободан Милошевиќ во Србија.

Фокус - Судир меѓу крилата на Ставрески и Мијалков
Колку и да изгледа компактна, владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ е поделена на две крила.

Зоран Јанковиќ, градоначалник на Љубљана.

Зоран Јанковиќ, градоначалник на Љубљана.

Фокус го анализира судирот меѓу крилата на Ставрески и Мијалков: Колку и да изгледа компактна, владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ е поделена на две крила, тврди неделникот во анализата со наслов: „Се караат само кога не можат да се договорат чиј човек треба да го лапне тендерот!“ Посебно, како во случајот со набавката на возила за потребите на МВР, ако и двете фирми се блиски до луѓе во врхушката, ама се блиски или до фамилијата или до кумот, Мијалков или Ставревски. Судирот во врвот на Унијата на жените веќе ја лансира претседателката за амбасадорка во Хрватска, а на повидок е напуштање на функциите на неколку министри кои беа препознатливи по поделба на тендерите на свои блиски луѓе, што власта двојно ќе го искористи: ем на народот да му покаже дека ете, и нашите ги гониме, ем да се расчистат работите меѓу главните конкуренти, пишува Фокус.

Капитал - Зошто во Македонија нема истрага за криминал?

„Регионот го тресат апсења на политичари и на бизнисмени. Зошто во Македонија нема истрага за криминал?“, прашува во главната тема неделниот Капитал, поттикнат од последното апсење на актуелниот градоначалник на Љубљана и несуден премиер на Словенија, Зоран Јанковиќ, кој е под истрага за злоупотреба на државни пари, за перење пари и за корупција. Апсења на политичари и на бизнисмени за организиран криминал и корупција има во Хрватска, Србија, се најавуваат и во Грција... Само Македонија останува далеку од овие процеси во регионот, инаку, поддржани и од Европската унија, иако има многу афери за злоупотеби и вмешаност на сегашни и поранешни политичари, но тие, засега барем, не се отвораат, наведува Капитал.

Република - Атина божем конструктивна, преговорите во ќор-сокак

Република го објавува оригиналното писмо што неодамна на премиерот Груевски му го испрати грчкиот колега Самарас, наведувајќи дека тајната дипломатија излегла на виделина. Во истиот контекст, неделникот објавува и анализа под наслов: „Атина божем конструктивна, преговорите во ќор-сокак“.
  • 16x9 Image

    Горица Попова

    Родена е во Кочани, дипломирала во 1976 год. на Филозофскиот факултет во Скопје. Како новинар работи над 30 години. Почнала во Македонско радио- Радио Скопје во 1978 год. Од јуни 2009 год. е соработник на Радио Слободна Европа.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG