Достапни линкови

Сириско- турските провокации се уште траат


Турските медиуми јавуваат дека од Сирија повторно е испукан проектил кон турскиот пограничен град Акчакале. Според првичните информации нема жртви во нападот.
Градоначаникот на Акчакале Абдулаким Ајхан изјави дека веднаш по експлозијата, возвратиле со напад. Тој истакна дека од изутринава периодично се слушаат истрели од околниот сириски град Тал ал Абјад.

Претходно турскиот министер за надворешни работи Ахмет Давутолгу изјави дека сирискиот заменик претседател Фарук ал Шара е разумен човек и тој треба да го смени Башар ал Асад на чело на преодната влада на Сирија.

Американскиот секретар за одбрана Леон Панета предупреди дека конфликтот во Сирија може да се прошири и да се прелее надвор од границите. Панета изјави дека фактот дека меѓу двете земји има размена на артилериски оган дополнително ја зголемува загриженоста дека конфликтот набрзо ќе се прошири.
XS
SM
MD
LG