Достапни линкови

Одбележување на 6-годишнина од смртта на Политковскаја


Поддржувачите на делото на новинарката Ана Политковскаја денеска ќе ја одбележат годишнината од нејзината смрт.
Таа беше убиена пред нејзиниот стан на 7 октомври 2006 година откако објави истражувачка сторија за корупција. Во Париз, руска невладина организација ќа ја одбележи годишнината со концерт во предградието на Париз, темата на концертот ќе биде „слобода и заштита на човекови права“. Во соопштението од Стејт Департментот Политкосвкаја е ословувана како „шампион за човеково достоинство.“ Во продолжение е наведено дека „рускиот народ изгуби глас кој храбро известуваше за вистината.“
Во меѓувреме се очекува во Русија активисти за заштита на човекови права и новинари да оддржат оддржат демонстрации во Москва. Политковскаја бше позната по критичкиот став за властите и корупциските афери во Русија, за владините одлуки поврзани со војната во Чеченија кои и за критиката адресирана до претседателот Владимир Путин кој по нејзната смрт ја опиша нејзината работа како „незначајна“. Датумот на нејзиното убиство се совпаѓа со роденденот на Путин.
Шест години по убиството, случајот е отворен а надлежните тврдат дека истрагата е во тек.
XS
SM
MD
LG