Достапни линкови

Израел собори беспилотно летало


Израелската војска соопшти дека соборила беспилотно летало кое навлегло во воздушниот простор во јужниот дел на Израел. Војската не соопшти повеќе информации за тоа чие е леталото и од каде дошло. Беспилотното летало кое е соборено поминало 20 минути во израелскиот воздрушен простор. Израелските медиуми јавуваат дека леталото најверојатно е користено само за набљудување.
Сомнежите за сопственоста на леталото паѓаат врз милитантната група Хезболах, затоа што слични инциденти биле забележани неколку пати досега.
Министерот за одбрана Ехуд Барак изјави дека недозволеното навлегување во израеслкиот воздушен простор државата го третира многу сериозно и ќе разгледаат како да одговорат на тоа во соодветно време.
XS
SM
MD
LG