Достапни линкови

logo-print

Ѓорѓиев: Нема иницијатива за проверка на довербата на Владата кај народот


Владата се насочува кон реализација на проекти, а доколку некој сака да ја провери нејзината доверба во самиот народ, постојат конкретни демократски институционални механизми што може да се преземат, а во овој момент такви акти и такви иницијативи за барање доверба на Владата пред народот нема. Ова го изјави денеска портпаролот на Владата Александар Ѓорѓиев на прес конференција. Тој смета дека на политичката сцена се случуваат надмудрувуња меѓу политичките партии и, условно, кажано со димни завеси, се обидуват да одземат дел од енергијата на Владата и нејзината насоченост за реализирање на конкретни проекти со кои ќе се соочат потребите на граѓаните
XS
SM
MD
LG