Достапни линкови

Брамерц во дводневна посета на Србија


Главниот обвинител во Хашкиот трибунал Серж Брамерц утре ќе пристигне во дводневна посета на Србија во пресрет на поднесувањето на редовниот извештај за Советот за Безбедност на ОН. Во агендата на Брамерц се предвидени средби со српскиот премиер Ивица Дачиќ, министерот за одбрана Александар Вучиќ и шефот на Националниот совет за соработка на Србија со Хаг .Ова ќе биде прва средба на Брамерс со Вучиќ кој се до напушатњето на српската радикална партија неколку пати доаѓаше во Хаг како правен советник на лидерот на радикалите Воислав Шешељ кој е обвинет за воени злосторства и злосторства против човештвото кон несрпското население во делови на Босна, Хрватска и Србија во периодот од 1991-1994 година.
XS
SM
MD
LG