Достапни линкови

Иранскиот парламент против одлука на Ахмадинеџад


Иранскиот Парламент денеска гласаше за суспендирање на реформите и субвенциите за храна и субвенциите за гориво повикувајќи се на финансиските тешкотии предзивикани од девалвација на националната валута. Субвенциите се основа на економската политика на претседателот Махмуд Ахмадинеџад. Иранската новинска агенција Илна јавува дека од 240 пратенци- 179 гласале да се запре втората фаза од доделувањето на субвенциите. Ваквото гласање во парламенот се гледа како удар врз Ахмадинеџад кој е се почесто критикуван поради начинот на кој се справува со кризата која настана по девалвацијата на валутата. Во изминатава година иранската валура - риал изгуби речиси 80 проценти од својата вредност во однос на доларот.
XS
SM
MD
LG