Достапни линкови

Г.г. Стефан: МПЦ е реалност која треба да ја прифати целото православие


По повод одбележување на 45 години на возобновената Охридска архиепископија во храмот Св. Софија, во Охрид, синоќа се одржа Свечена академија. Пред присутбите свое обраќање имаа поглаварот на МПЦ г.г. Стефан, и претседателот Ѓоре Иванов, кои ја потенцираа важноста на одлуката за возобновување на Охридската архиепископија и ги повика верниците и свештенството на зачувување на традицијата, богатото културно наследство и вредности. Архиепископот Стефан во својот говор истакна дека чинот на возобнувањето лошо разбран во православието но сепак е реалност и нека му служи на чест на секому што поради духовна незрелост и политички интереси не дозволува таа реалност да стане вистина.
Иванов во својот говор истакна дека во време на ерозија на моралните и духовните вредности, во свет обременет со економска криза, конфликти и нестабилност, духовното е она што му е потребно на современиот човек.
XS
SM
MD
LG