Достапни линкови

Демонстранти во Пакистан тргна кон границата со Авганистан


Група пакистански активисти предводени од опозицискиот лидер Имран Кхан пристигнаа во областа Танк која се наоѓа на 100-тина километри од Вазиристан. Активистите меѓу кои се и американски членови на „Розев Код“, анти- милитаристичка организација се движат во конвој кон авганистанската граница во знак на протест поради употребата на американските беспилотни летала. Тие се жалат дека владата поставила барикади со цел да го сопре конвојот. Областа кон која се движи конвојот, Вазиритан се смета за упориште на Талибанците и Ал Каеда.
XS
SM
MD
LG