Достапни линкови

logo-print

Вашингтон загрижен, конфликтот во Сирија ќе излезе од границите


Турција 4 ден по ред возвраќа со артилериски оган кон Сирија по нападот при кој со сириска територија беше испукана граната кон турскиот град Акчакале, при што загинаа 5 цивили.
Американскиот секретар за одбрана Леон Панета предупреди дека конфликтот во Сирија може да се прошири и да се прелее надвор од границите. Панета изјави дека фактот дека меѓу двете земји има размена на артилериски оган дополнително ја зголемува загриженоста дека конфликтот набрзо ќе се прошири. Турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган завчера повтори дека неговата земја не сака војна со Сирија, но оти нема да се двоуми да одговори на секој акт што е закана за националната безбедност.
XS
SM
MD
LG