Достапни линкови

logo-print

Приведени осум малолетници за вчерашаната тепачка во автобус


Илустрација.

Илустрација.

Полицијата приведе осум лица на возраст од 15 до 17 години кои учествувале во тепачката што се случи вчера околу пладне во автобусот на ЈСП со број 22. Се работи на утврдување на причините за инцидентот, но според првичните сознанија најпрвин била започната вербална расправија што подоцна резултира со тепачка, информира денеска портпаролот на МВР, Иво Котевски.

Според МВР, при тепачката учесниците употребиле ножеви, метална палка, дрвена рачка. Притоа со повреди се здобиле двајца учесници во тепачката и двајца патници, кои по прегледот во Градската болница 8 Септември се пуштени на домашно лекување.

Котески рече дека со приведените малолетници е разговарано во присуство на нивните родители, а исто така е извршен разговор и со другите очевидци кои што биле присутни во автобусот за време на инцидентот.
XS
SM
MD
LG