Достапни линкови

Ватикан - Папата веројатно ќе го помилува неговиот поранешен батлер


Папата Бенедикт XVI.

Папата Бенедикт XVI.

Ватикан соопшти дека Папата Бенедикт XVI веројатно ќе го помилува неговиот поранешен батлер Паоло Габриеле кој денеска беше осуден на 18 месеци затвор поради тоа што украл доверливи папски документи и им ги дал на новинарите. Портпаролот на Ватикан, отец Федерико Ломбарди на новинарите им рече дека помилувањето е веројатно. Тој додаде дека осудениот Габриеле сè уште е во куќен притвор и оти не е однесен во затвор. Меѓу украдените документи што протекоа во медиумите имаше писма до Папата во кои има наводи за корупција во ватиканските бизнис делегации.
XS
SM
MD
LG