Достапни линкови

logo-print

Заврши белградската „Парада на гордоста во четири ѕида“


Големи полициски сили обезбедуваа изложба што беше дел од Белградската парада на гордоста на 3 октомври годинава.

Големи полициски сили обезбедуваа изложба што беше дел од Белградската парада на гордоста на 3 октомври годинава.

Членовите на Организацискиот одбор на овогодинешната „Парада на гордоста“ денеска го завршија собирот со тоа што седнаа пред белградскиот Медиумски центар, јавува МИА. Тие развеаја знамиња со бојата на виножитото, симболот на ЛГБТ движењето и покажаа транспарент на кој пишуваше 28 септември 2013 година, со што беше најавена следната парада.

Учесиците на „Парадата на гордоста“ изјавија дека полицијата не им дозволила да излезат на улица.

Годинашниот собир почна во просториите на белградскиот Медиумски центар денеска околу 10 часот и 20 минути, под име „Парадата на гордоста во четири ѕида“.

Големата сала во Медиумскиот центар беше преполна, а меѓу учесниците беа и шефот на Делегацијата на Европската унија во Србија, Венсан Дежер, шведската министерка за европски прашања Бригит Олсон и холандската пратеничка во Европскиот парламент Мари Корнелисан.

Покрај активистите на ЛГБТ организациите, беа присутни голем број на српски и странски новинари, како и претставници на повеќе невладини организации.

Пред зградата на Медиумскиот центар превентивно беа распоредени полициски сили, а во близина имаше и членови на жандармеријата со опрема за растурање на демонстрации. Засилено полициско присуство имаше и во центарот на Белград.

Премиерот и министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ во средата изјави дека Парадата на гордоста и другите маршови, најавени за денеска се забранети поради безбедносни причини.
XS
SM
MD
LG