Достапни линкови

logo-print

Севернокорејски војник преку минско поле избегал во Јужна Кореја


Севернокорејски војник ја набљудува границата со Јужна Кореја.

Севернокорејски војник ја набљудува границата со Јужна Кореја.

Севернокорејски војник убил двајца свои надредени офицери и избегал во Јужна Кореја преку целосно минираната граница. Јужнокорејското министерство за одбрана, цитирајќи го пребеганиот војник, рече дека тој ги застрелал командантите на неговиот вод и чета и пребегал преку демилитаризираната зона. Сè уште нема коментари од севернокорејските медиуми. Пребегувањата преку цврсто обезбедуваната граница меѓу двете Кореи се многу ретки. Повеќето Севернокорејци што ја напуштаат земјата го прават тоа преку Кина.
XS
SM
MD
LG