Достапни линкови

Денеска пресуда за батлерот на Папата


Поранешниот батлер на Папата Бенедикт XVI, Паоло Габриеле.

Поранешниот батлер на Папата Бенедикт XVI, Паоло Габриеле.

Ватиканскиот суд денеска треба да ја соопшти пресудата за поранешниот батлер на Папата Бенедикт XVI, Паоло Габриеле, кој е обвинет за крадење доверливи папски документи кои им ги дал на новинарите. За денеска се предвидени завршните излагања и на обвинителството и на одбраната.

Габриеле се изјасни како невин по обвинението за тешка кражба, но рече дека чувствува вина што го предал Папата. Ако биде осуден, тој се соочува со затворска казна до четири години. Сепак, постои можност Папата да го помилува.
XS
SM
MD
LG