Достапни линкови

Странските агенции за довербата на македонската влада


премиерот Никола Груевски

премиерот Никола Груевски

Македонската коалициска влада предводена од конзервативците го преживеа гласањето за недоверба, побарано од главната опозициска партија, јавува новинската агенција Асошиетед прес, наведувајќи дека за предлогот на СДСМ гласаа 42 пратеника, додека 68 го отфрлија. Партијата чиј лидер е поранешниот претседател на Македонија Бранко Црвенковски го обвинува премиерот Никола Груевски за поттикнување тензии со албанското малцинство во земјата. Асошиетед прес потсетува дека главен коалициски партнер на Груевски му е поранешниот лидер на албанските бунтовници за време на конфликтот во 2001 година. Односите меѓу двајцата сојузници неодамна се влошија откако министерот за одбрана, етнички албанец, им одаде почит на бунтовниците кои загинале во борбите. Одговорот на партијата на Груевски беше предлог законот за пензии на поранешните владини сили кои се бореа во конфликтот, но не и за ветераните, бунтовници, пишува Асошиетед прес.
XS
SM
MD
LG