Достапни линкови

Во БиХ изборен молк


Во Босна и Херцеговина денеска е изборен молк кој ќе трае до затворањето на гласачките места во 19 часот утре. Станува збор за петтите локални избори во постдејтонска БиХ, на кои граѓаните ќе избираат 135 началници на општини и пет градоначалници. Во Република Српска ќе се избираат 58 општински собранија, а во Федрацијата 78 општински совети. Само во Мостар нема да се одржат избори, бидејќи Уставниот суд на БиХ ги поништи изборните правила за тој град, а нови не се донесени. Во БиХ право на глас имаат над три милиони и сто илјади граѓани.
XS
SM
MD
LG